Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.974 тестирања, а има 393 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 187
- Куманово – 34
- Велес – 30
- Штип – 21
- Прилеп – 14
- Охрид и Струмица – по 11
- Крива Паланка – 10
- Тетово и Кичево – по 8
- Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7
- Кочани – 6
- Виница – 5
- Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4
- Ресен и Богданци – по 3
- Кратово – 2
- Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г ,80г, 81г, 82г и 84г), по 2 од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените, 4 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од:
- Скопје – 195
- Куманово – 44
- Велес – 20
- Кавадарци – 19
- Прилеп – 17
- Штип – 13
- Кочани – 11
- Битола и Охрид – по 10
- Кичево и Крива Паланка – по 7
- Кратово – 6
- Тетово и Радовиш – по 5
- Виница и Валандово – по 4
- Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3
- Струга, Гевгелија и Неготино – по 2
- Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.