Почетна » Колумни » Сензорни авантури » КОЛУМНА: Когнитивен развој кај децата

КОЛУМНА: Когнитивен развој кај децата

Под когнитивно размислување се подразбира развојот на сите функции кои придонесуваат за препознавањето и поврзувањето на предметите и лицата од околината на едно лице. Во овие функции спаѓаат интелигенцијата, свесноста, решавањето проблеми, меморија, говор итн. Когнитивниот развој често се користи и како синоним за интелектуалниот развој и развојот на интелигенцијата. Оваа сфера е од огромна важност кај децата, посебно во претшколската возраст.

Деца

Денес составив една мала листа од способности, знаења, кои владеат како општо прифатени од голем број на стручњаци при уписот во училиште:

Когнитивно размислување

  • Ги знае сите бои
  • Брои до 20
  • Ги сфаќа количините до 5
  • Ги сфаќа едноставните операции за собирање и одземање
  • Споредува количини (помалку, повеќе, исто)
  • Препознава бројки од 1 до 10
  • Ги знае деновите во неделата и годишните сезони
  • Го сфаќа концептот за време
  • Разликува лево од десно
  • Се придржува кон едноставни правила
  • Разликува банкноти и монети

Говор

  • Знае да состави комплексна реченица на мајчиниот јазик
  • Раскажува настани по правилен редослед

Фина моторика

  • Ја обојува внатрешноста од зададените форми
  • Сликите кои ги бои, (куќа, кола, човек…) имаат детали
  • Веќе е утврдено дали е левак или деснак
  • Може да си го напише името
  • Правилно ги употребува ножиците, лепакот и боиците/моливот

Крупна моторика

  • Има добра координација и баланс
  • Без проблем може да игра со топка, истата да ја фрла и фаќа
  • Може да вози велосипед
  • Вешто се искачува (пентари), скока

Социо-емоционален развој

  • Презема задача и одговорност околу истата
  • Ги знае правилата
  • Може да се организира
  • Може да се справи со зададените задачи

Односот кон играта

  • Игри со правила
  • Истрајност
  • Љубопитност
  • Знае како да ја добие потребната информација
  • Може да се сконцентрира 20-30 минути

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.