Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Велигденски идеи и активности за децата

Велигденски идеи и активности за децата

За време на велигденските празници, да ја поттикнеме и креативноста кај најмалите со неколку идеи и активности.

Како основни форми, кои ние ги користевме, беа парчиња хартија и картон во форма на јајце и зајаче, но секако, креативноста е неограничена и можете да одберете и други, по сопствена желба.

Велигденски идеи

За првата техника која сакам да ја предложам потребни ни се:

  • мал сад
  • џамлии
  • боја
  • парче хартија/картон во соодветна форма

Претходно исечените форми хартија ги ставаме во еден сад, ги ставаме и џамлиите и со една четка ги боиме со бои според наша желба. Потоа едноставно го движиме садот додека џамлиите оставаат траги боја врз парчињата хартија. На крај, го оставаме парчето хартија да се исуши.

За втората техника се потребни:

  • мал сад
  • пена за бричење
  • боја (прехранбена)
  • и парче хартија во соодветна форма

Внимателно ја промешуваме бојата во пената и набљудуваме како постепено се менува. Ставаме парче хартија и дозволуваме целосно да биде опфатено од обоената пена. На крајот го вадиме од садот и со рамен предмет (јас употребив линијар) ја оттргнуваме пената. Потоа го оставаме парчето хартија да се исуши.

За третата техника се потребни:

  • мал сад
  • проѕирен лепак
  • сол
  • бои (јас употребив водени)
  • парче хартија во соодветна форма

Во садот го ставаме парчето хартија и го посипуваме со лепак. Потоа го попрскуваме со сол и започнуваме да боиме со четка врз солта. Солта во комбинација со лепилото ќе даде интересна структура врз која одлично ќе се бои.

За четвртата техника се потребни:

  • некои различни хартии во боја за сецкање
  • лепило
  • парче хартија во соодветна форма

Дозволете им на дечињата да ја користат ножицата или едноставно да ги вежбаат прстињата и да ја кинат хартијата на мали делчиња. Потоа нека ги лепат истите врз претходно пресеченото парче хартија.

Во продолжение слика од финалниот изглед на формите од јајца кои ги изработивме според овие техники, но и кратко видео со постапките за изработка.

На следнава слика се претставени неколку различни активности.

Печати од ролни тоалет, зајачиња од чорапи, јајца обоени со првата техника, форми од јајце виткани со конец.

Дополнително можете да залепите соодветна форма, ние употребивме од зајак, и да ја залепите на средината од листот, дозволете им на децата да го бојат листот со различни бои и техники. Можете да употребите четки за боење, стари четки за заби, или други видови на направи сам четки. Кога ќе завршите, отстранете ја претходно залепената форма од листот.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.