Празничната реклама на мобилниот оператор Mobistar има неочекуван крај. Маж и жена случајно наидуваат еден на друг неколкупати во магичниот празничен период.
Иако сè изгледа како обична романтична приказна, крајот ќе ве изненади.
Рекламата е дело на агенцијата Публицис Брисел и ја испраќа пораката да останете во контакт со своето семејство. Второто видео ја раскажува истата приказна, но од перспектива на мажот.