Тајрон Велс добро знае како најбрзо да ги тргне солзите од лицето на својата ќерка и да ги замени со насмевка.
Кога малата Ариа ќе започне силно да плаче, американскиот пејач започнува да ја пее песната „Beautiful Girl, Beautiful World“ и таа веднаш се расположува и дури и се обидува да запее со него.
Видеото од серенадата за првпат било објавено во 2012 година, но деновиве засилено кружи на интернет, разнежнувајќи илјадници срца.