Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Релаксирачко капење на близначиња

ВИДЕО: Релаксирачко капење на близначиња

Кратко видео со две мали близначиња има моќ да ве релаксира и разнежни. Во триминутното видео Соња Рошел користи свој метод за капење на две новороденчиња. Методот би требало да ги опушта малите бебиња и да направи да се чувствуваат сигурно како во мајчината утроба.

51-годишната Соња е мајка на 4 деца и баба на 5 внуци, а веќе 34 години им помага на родилки. Новиот „спа“ метод на капење е базиран на нејзиното долгогодишно искуство. Соња вели дека капењето трае околу 10 минути во мирна атмосфера и дека бебињата кои се помали од 2 месеца речиси никогаш не плачат. За време на капењето во просторијата се слуша тивка музика.

Новото видео на Соња брзо привлекува гледачи.

Претходното нејзино видео со мало бебенце кое ужива во бањањето досега има над 8,3 милиони прегледувања на YouTube.

Сепак, колку и да изгледа слатко капењето според овој метод, важно е да се напомене дека родителите НЕ ТРЕБА да го применуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.