Пилотот Рајан Томпсон испланира малку невкусен предлог за брак, кој прво ја преплаши, а потоа ја израдува до солзи неговата девојка Карли.
Додека со мал авион летале над Чикаго, тој ѝ рекол дека системот за управување со авионот не работи и дека таа мора смирено да му прочита каква е процедурата за итни случаи.
Уплашената Карли започнала да чита и брзо стигнала до главниот дел кој велел:
„Утврди дали тој е добар партнер
Забелешка: Тој секогаш ќе те сака и почитува
Одговори: Дали ќе се омажиш за мене?“
Стравот на Карли брзо се претворил во радост. Погледнете го видеото: