Музичарот Фил Стрингер и неговата сопруга Бетани го очекуваат своето прво дете, па одлучија радосната вест да им ја соопштат на блиските со пародија на хитот на Адел.
Во видеото, Стрингер изведува своја верзија на баладата „Hello“. Потоа, се прикажувани сцени во кои Фил и Бетани се обидуваат да научат како на најдобар начин да одгледаат бебе. На крајот, музичката соба на Фил се претвора во детска соба и среќниот пар продолжува да пее и да свири на детски музички инструменти.
Видеото на одличен начин покажува дека материјалните нешта се сосем неважни и нема да те направат среќен како што може да те направи твоето малечко чедо.