Малиот питбул Бандит е супер амбициозно кученце на кое не му се чека да порасне за да биде како големите кучиња, а најдобар доказ за тоа е ова видео.
Во интересното видео, упорното кученце изгледа навистина неодоливо додека се обидува да трча на патеката како возрасните кучиња, додека во позадина се слуша мотивирачката песна „Eye of the Tiger“.
Еве како Бандит нè учи дека никогаш не треба да се откажуваме:
Кучињата се снимени во просториите на организацијата „Peace, Love, and Pit Bulls“ во Лас Вегас, чија цел е спасување на питбули и едукација за оваа раса кучиња. Трчањето на патека е еден од начините кои ги користат за да ги одржат кучињата во форма додека се во карантин.