Мало девојче, кое со неодолив глас објаснува зошто си ја истрижа косата, стана вирален хит.
Во видеото објавено од нејзиниот татко, 3-годишната Енлија објаснува дека си ја скратила косата зашто сакала да научи да потстрижува.
„Јас само се вежбав денес“ – вели Енлија.
„Но, ни треба повеќе вежбање, зарем не?“ – се шегува татко ѝ.
„Но, ти не ми дозволуваш да вежбам повеќе“ – низ солзи изговара малото девојче.
„Да, зашто немаш повеќе коса на која да се вежбаш“ – продолжува таткото со насмевка.
Погледнете го неодоливиот дијалог во видеото, кое досега има повеќе од 9 милиони прегледувања и над 200.000 споделувања:
Ansleigh explaining why she cut her own hair. -Chadmore videos of Ansleigh on YouTube... https://www.youtube.com/user/WeR5Clarks
Posted by Chad-Jennifer Clark on петок, 4 декември 2015