Треба да имате навистина силно срце за да можете да ја издржите невкусната шега „Дух во лифт“.
На почетокот „жртвите“ влегуваат во светол празен лифт, но неколку секунди подоцна снемува струја. Додека е темно, во лифтот влегува морничаво девојче кое потсетува на Самара од „The Ring“. Кога ќе се запалат светлата, започнува врескање...
Видеото направено од бразилска телевизија стана интернет сензација.