Сладок шнауцер стекна светска слава откако емотивно ја пречека својата сопственичка Ребека Свентина.
Во видеото кученцето Кејси не може да ја сокрие својата среќа кога ќе ја здогледа Ребека, која моментално живее и работи во Словенија и две години не се имала вратено во домот на нејзините родители во Пенсилванија.
Најверојатно поради силни емоции Кејси во еден момент губи свест, но набрзо се исправува на нозе.
Видеото со Кејси досега има над 22 милиони прегледувања на YouTube.