Екипата на „The Big Bang Theory“ знае да се забавува. За време на снимањето на нова епизода, расположениот тим ја изненади публиката во студиото со забавен танц на хитот „Call Me Maybe“.
Пени (Кејли Куоко) беше главниот организатор, но целата изведба ја заврши Шелдон (Џим Парсонс) со препознатливото „Bazinga!“.
Видеото е огромен хит. Само за еден ден достигна 1,7 милиони прегледувања.