Детските реакции се бесценети, особено кога се позитивни. Нејтан Кларк и неговата сопруга им приредиле изненадување на двете ќеркички, со што предизвикале солзи радосници и искрена невоздржана среќа.
Гордите родители две години се обидувале да го прошират семејството. Па, кога им се исполнила желбата и дознале дека очекуваат близначиња, направиле торта со порака „Ќе имаме близнаци“.
Реакциите на малите девојчиња се различни. Поголемото, откако ја сфати пораката, не можеше да ги сопре солзите радосници, додека помалото ја прими веста за бременоста посмирено, дури и по малку чудно бидејќи запраша: „Може ли да изедам едно?“.