Кога седумгодишниот Рис Маза ја пронајде под елката долгопосакуваната видео игра, неговата прва реакција беше широка насмевка. Но, набрзо комбинацијата од радост и возбуда кај него предизвика солзи.
„Тато, мнооогу сум среќен“ – вели во видеото пресреќното детенце додека солзите радосници течат по неговото лице.