Креативен татко го овековечил патувањето на својата ќерка од утробата до прегратката на среќната мајка со занимливо видео.
Томер Гренсел направил повеќе од 1.000 фотографии за време на бременоста на својата сопруга Ошер. По доаѓањето на свет на нивната ќеркичка Ема, Томер ги искористил фотографиите за да создаде креативно и забавно видео кое ја следи бременоста на Ошер од зачнувањето до породувањето.