Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета за крвна група А

Диета за крвна група А

Според диетата создадена од Питер Д’Адамо, луѓето со крвна група А најдобро функционираат кога практикуваат вегетаријански начин на исхрана. Тие имаат чувствителен дигестивен систем и тешко можат да ги обработуваат протеините од животинско потекло. Затоа, треба да избегнуваат месо, млеко и млечни производи и да се насочат кон исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и зеленчук.

На многу луѓе им е тешко да се откажат од вкусните порции со помфрит и месо и да ги заменат со растителни протеини, но Д’Адамо тврди дека токму тоа ќе им помогне на претставниците на групата А да имаат подобро здравје, подолг живот и повеќе енергија, а и да ја одржат својата линија.

Луѓето со крвна група А се подложни на одредени болести како рак, срцеви заболувања и дијабетес, па затоа за нив е исклучително важно да ја консумираат храната колку што може поприродна, т.е. свежа и непреработена.

Со помош на истражување спроведено во 1999г. Д’Адамо открил дека постои врска помеѓу крвната група и карактерот. За луѓето со крвна група А се верува дека се аналитични, внимаваат на деталите, добри слушатели, чувствителни кон потребите на другите, инвентивни и креативни.

Диета

ПРЕПОРАЧАНИ НЕУТРАЛНИ ДА СЕ ИЗБЕГНУВА

Месо

/ мисиркино
пилешко
биволско
говедско
еленско
јагнешко
телешко
свинско
чадено месо

Риба

морска пастрмка
лосос
полжав
сардина
скуша
штука
шаран
бакалар
ајкула
морски полжав
туна
ракчиња
школки
октопод
кавијар
харинга
жаба
лигњи

Млеко и млечни производи

млеко од соја кисело млеко
козјо млеко
моцарела
павлака
фета
гауда
кашкавал
ементалер
кравјо млеко
козјо сирење
чедар сирење
пармезан
путер
крем сирење
сладолед
урда

Јајца

/ кокошка
гуска
патка
потполошка
/

Зеленчук

алое
брокули
бамја
ѓумбир
лук
кромид
луцерка
марула
рен
тиква
спанаќ
целер
праз
црни маслинки
цвекло
тиквички
репа
краставица
карфиол
печурки шитаки
домат
зелка
компир
црн патлиџан
пиперки

Овошје и овошни сокови

ананас
боровинки
грејпфрут
лимон
зелен лимон
кајсии
сливи
смокви
цреши
авокадо
дуња
јагоди
калинки
киви
круши
малини
праска
рибизли
суво грозје
црници
грозје
јаболка
банана
диња
кокос
манго
мандарини
портокал
сок од портокал
папаја

Зрнеста храна

овес
овесно брашно
соја
брашно од соја
елда
јачмен
брашно од јачмен
ориз
кус-кус
пуканки
пченица
пченични трици
пченични никулци

Јаткасти плодови и семки

кикирики
семки од тиква
сончоглед
сусам
костени
бадеми
семе од афион
лешници
индиски и бразилски оревчиња
ф’стаци

Мешунки

леќа
соја
соеви гранули
боранија
/ леблебија
бел и црвен грав

Масла

ленено
маслиново
ореово
бадемово
масло од соја
сончогледово
рибино
рицинусово
пченкарно
кокосово
масло од кикирики
масло од сусам

Пијалоци

црвено вино
кафе
зелен чај
бело вино жесток алкохол
газирана вода
газирани сокови
пиво
црн чај

Билки и зачини

сув лук
алое
магдонос
босилек
кромид
нане
рузмарин
мајчина душица
канела
оригано
пипер лута
црвена пипер
бел и црн бибер

Додатоци за вкус

сос од соја
синап
морска сол
квасец
сенф
желатин
кечап
мајонез
оцет
саламура

Засладувачи

јачменов слад шеќер
мед
/

Физичка активност

Се верува дека луѓето со крвна група А имаат повисоко ниво на кортизол, па затоа им е потешко да се справуваат со стрес. Истражувањата покажале дека нивото на стрес може да се намали преку нежни неагресивни вежби кои смируваат. Се препорачува да практикуваат вакви вежби барем три пати неделно, во времетраење од 30-45 минути. Ако вашата крвна група е А и решите да вежбате аеробик или вежби со тегови, тогаш треба да бидете внимателни да не претерате, затоа што тоа може да го покачи нивото на стрес.

Препорачани активности: јога, Таи Чи, медитација и техники за длабоко дишење.

Дополнителни совети

Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои според него ќе им го подобрат животот на луѓето со крвна група А. Еве некои од нив:

  • Не го прескокнувајте појадокот и јадете почесто, но помали оброци.
  • Внесувајте повеќе протеини на почетокот на денот, а многу помалку навечер.
  • Не јадете кога сте нервозни и вознемирени.
  • Џвакајте ја храната подолго време за да му помогнете на телото побрзо да ја свари.
  • Со цел да го избегнете покачувањето на нивото на кортизол и да ја намалите психичката истоштеност, потребно е да го ограничите престојот во големи толпи од луѓе, да избегнувате бучава, да не пушите, да стоите подалеку од силни миризби од парфеми и да не гледате филмови и емисии со насилство.
  • Направете си дневен распоред и придржувајте се кон него. Одредете си во колку часот ќе легнувате и секој ден упатувајте се кон спалната во тоа време.
  • Правете барем две паузи од по 20 минути додека сте на работа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.