Волшебни светла, накитени елки, забавни активности и многу здравици го исполнија платото на Офицерскиот дом во Битола каде веќе два дена престојува неповторливиот Coca-Cola Караван. Мега популарниот камион на Дедо Мраз донесе празнична магија и радост во градот под Пелистер.
Најмалите, па и оние поголемите, уживаа во занимливи претстави, боеја и со широки насмевки се фотографираа со Дедо Мраз и препознатливата поларна мечка. Исто така, се пишуваа писма до Дедо Мраз и се делеа персонализирани Coca-Cola шишиња, а беше и акцентирана важноста на рециклирањето.
Празничната атракција примами илјадници посетители да ја искусат вистинската магија и заедно да создаваат спомени кои остануваат засекогаш.
На посебно место беше присутен и Црвен Крст со информации за добротворни активности и донации во земјата, а волонтерите со ентузијазам споделуваа едукативни совети.
Караванот патува со пораката „На светот му требаат повеќе Дедо Мразовци“. Разбудете ги љубезноста и дарежливоста во себе и придонесете за зголемување на празничната еуфорија. Следните дестинации на празничната Coca-Cola приказна се Охрид (25 и 26 декември) и Струмица (29 и 30 декември).
Дознајте повеќе на следниот линк.
Фото: Ивона Кочов / Femina.mk