Временската прогноза на Сител вечерва накратко беше прекината од Јована Стојменовиќ. Атрактивната водителка го прекина ТВ презентерот Спасе Јовановски за да им соопшти на гледачите нешто многу важно.
Имено, со видлива возбуда Јована објави дека низ Македонија наскоро ќе помине прочуениот Coca-Cola Караван, кој е светски симбол за почетокот на веселата празнична сезона.
„Поканети сте сите! Дојдете да се дружиме, да се забавуваме, да го шириме празничниот дух и да ја почувствуваме вистинската магија“ – порача Јована за време на неочекуваниот прекин.
Видео
Легендарниот Coca-Cola Караван ќе започне на 15 декември и ќе мине во 4 града – Скопје (15 и 16 декември), Битола (20 и 21 декември), Охрид (25 и 26 декември) и Струмица (29 и 30 декември).
Годинешната тема „На светот му се потребни повеќе Дедо Мразовци“ става акцент на дарежливоста и љубезноста и нè потсетува дека секој од нас може да биде Дедо Мраз преку правење на добри дела.
Посетителите на Караванот ќе имаат можност да го разгледаат новиот Coca-Cola празничен камион, да создадат вистинска разгледница и да им ја испратат на саканите, да му подарат персонализирано шише Coca-Cola на свој близок, да ја овековечат празничната атмосфера со впечатливи фотографии и многу, многу повеќе.
Дознајте повеќе инфо за Караванот на следниот линк.