Викторија Бекам денес полни 51 година.
Славната дизајнерка, која во минатото беше дел од женската група Spice Girls, доби специјална честитка од сопругот Дејвид. Тој сподели стари фотографии од Викторија, а во описот напиша:
„Среќен роденден на неверојатната сопруга, мајка и најдобра пријателка која можевме да ја посакаме. Имај најсовршен ден, бидејќи го заслужуваш тоа и те сакаме премногу“.
Две од фотографиите споделени од Дејвид се од детството на Викторија, две се од почетоците на нивната врска, а една од нивното семејство.





Викторија пак го одбележа овој важен датум со лансирање на нови моливи за усни од нејзиниот бренд за убавина.
