Лив Тајлер се отвори за шокантен момент од нејзиниот живот кога дозна дека нејзин биолошки татко е фронтменот на групата „Aerosmith“, Стивен Тајлер.
47-годишната ѕвезда од „Lord of the Rings“ сподели дека нејзината мајка Биби Буел ѝ кажала за Стивен дури на 11-12 години. Таа претходно растела убедена дека нејзин татко е пејачот Тод Рандгрен, човекот кој ја израснал.

Лив почувствувала дека нешто не е во ред откако Биби ја одвела на концерт на „Aerosmith“ и таму започнала да плаче.
„Ја погледнав мајка ми и ѝ реков: ‘Мамо?’, а таа започна да плаче. Мајка ми само падна. Ја прашав дали Стивен ми е татко, а таа само плачеше. Потоа ме одведе на една клупа, седнавме, а таа ми ја раскажа целата приказна на најискрениот и најубав начин“ – раскажала актерката.

Лив била во шок.
„Првиот бран беше шок. По тој концерт, си отидовме дома, а мајка ми имаше фотелја пред еден прозорец и се сеќавам дека ми се чинеше како да седев таму три дена, но веројатно беа само три часа. На крајот дојдов до заклучок дека имам два татковци и сета таа љубов. Можеби ќе има и двапати Божиќ“ – рекла таа.
Сестра ѝ Миа Тајлер, која исто така била дел од истото интервју, рекла дека и таа дознала дека Стивен ѝ е татко истата вечер.
Лив и Миа се имале видено зад сцената по концерт на „Aerosmith“, но не знаеле дека се сестри.
„Отидовме зад сцената по концертот и таму беше Миа. За првпат се сретнавме и се сеќавам дека некој праша дали сме сестри, но ние не знаевме“ – раскажале тие.



Откако дознале една за друга, двете девојки започнале да се допишуваат и подоцна за првпат се запознале во Њујорк.



Кога била запрашана како се чувствувал нејзиниот татко Тод кога дознал за нејзината врска со Стивен, Лив рекла дека веројатно му е сè уште тешко поради тоа.
„Веројатно сè уште е многу тешко и болно за него и јас не зборувам доволно со него. Многу го сакам и имам браќа од него и имам цело семејство со нив, но јас бев само дете и ми беше тешко затоа што ѝ беше многу лут на мајка ми. Одеднаш тука беше Стивен, направивме тест за татковство и беше позитивен“ – рекла таа.
Биби со прекини беше во врска со Тод од 1972 до 1978 година, но за време на еден од тие прекини се состануваше со Стивен од кој неочекувано забремени. Таа се породи на 1 јули 1977 година и тврдеше дека Тод е таткото за да ја заштити нејзината ќерка, бидејќи во тоа време Стивен бил зависник од дрога и не бил способен да израсне дете.
Во претходно интервју, Лив имаше изјавено:
„Кога се родив, Тод одлучи дека треба да имам татко, па го потпиша сертификатот за моето раѓање. Знаеше дека постои шанса можеби да не сум негова, но...“

Покрај Лив и Миа, Стивен има уште две други деца.


