Семејството на Кристијан Станковски ќе порасне за уште еден мал член.
Дечкото, познат на социјалните мрежи како Бомбакис, со слатко видео сподели дека го очекува второто детенце.
На снимката, тој заедно со сопругата и ќеркичката откриваат снимка од ултразвук која навестува дека очекуваат принова.
„3+1=4“ – напиша тој во описот.


Кристијан и неговата сопруга Вики станаа родители во декември 2023 година.


Во декември 2020 година, Бомбакис откри дека се бореше со рак на тестисите и дека успешно ја завршил таа битка.