Марион Шајњу-Дупји дава сè од себе за да биде промената која сака да ја види во светот. 39-годишната алпинистка организираше масовно чистење на Монт Еверест и со помош на својот тим собра 8,5 тони ѓубре за три години.
Импресивен факт е што отпадот кој тие го собрале е еднаков на три четвртини од вкупниот отпад направен на планината од страна на луѓето во изминатите 30 години. Марион има амбициозна цел да го исчисти цел Монт Еверест, а потоа да продолжи со чистење на Хималајскиот планински венец.
Таа ја доби наградата „Terre de Femmes“ за 2019 година од Фондацијата „Yves Rocher“.
„Качувањето на Еверест треба да ви понуди една од најчистите интеракции меѓу луѓето и природата. Но, кога стигнав на врвот во 2013 година, сфатив дека планината е оштетена од експедициите во изминатите 30 години. Пресметав дека околу 10 тони отпад е исфрлен само на врвовите! Бев шокирана. Имав страст кон природата од мало девојче“ – рекла Марион.
Загадувањето од Хималаите влијае на водата за пиење за околу 2 милијарди луѓе.