Почетна » Новости » Актуелно » „КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

Како резултат на постојаните напори за подобрување на условите за своите вработени, „КАМ“повторно ја доби наградата за најпосакуван работодавач во категоријата маркети во Македонија која ја доделува vrabotuvanje.com.mk

Манифестацијата замислена како „Оскари“ за работодавачите „Работодавач на годината“, се одржа вчера во хотелот „Лимак“ во Скопје, каде јавноста ги одбра најпосакуваните компании за вработување во 2024 година, при што наградите се доделуваа врз основа на јавната анкета која се спроведуваше цела година.

Kam

„Оваа награда ни е од големо значење, што ни дава знак дека одиме во вистински правец при креирање и надополнување на нашата компаниска стратегија. Како компанија имаме точки кои ни се приоритет во секоја активност, а сатисфакцијата на вработените е една од приоритетните, што понатаму резултира и со задоволството на потрошувачите. Секој член на нашето големо КАМ семејство е суштински дел од компанијата. Тој однос постојано го негуваме со цел заедно да растеме“ – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените преку зголемување на платите и бенефициите, како и постојани обуки за професионален и личен развој на вработените.

Организаторот најавува дека наградите ќе продолжат да се доделуваат секоја година, со цел да бидат мотив, признание и потврда дека Македонија има вистински добри работодавачи кои знаат и умеат да ги градат и почитуваат вистинските вредности, а со тоа и да бидат пример на пазарот за труд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25090 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.