Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Сè се враќа, сè се плаќа
Ловец на приказни

Сè се враќа, сè се плаќа

Интересно е како сѐ што правиш во животот ти се враќа, на овој или на оној начин, чисто за да се одржи космичкиот баланс. Сестрата на една моја пријателка, која ја познавам од малечка, многу слатко девојче кое сега пораснало во прекрасна девојка, ми вели раскинав со момчето затоа што неговите родители не ме сакаат. Јас изненадена од муабетов, просто не ми се веруваше како е можно да не го сакаат тоа прекрасно девојче. „Еднаш ме земаа од дома и видоа дека куќата е стара, а знаеш дека родителите не ми работат некоја престижна работа“ – вели таа.

На крај ќе им се падне некоја што душа ќе им вади и ним и на синот“ – додаде. Се насмеавме двете, но навистина ме разгневи муабетот.

Раскинување

А, тоа е вистина сѐ се враќа, сѐ се плаќа. Сведок сум била на многу вакви ситуации. Моја пријателка беше лудо вљубена во едно момче, но нејзините родители не дозволуваа да се забавува со него, поради тоа што според нивна проценка, тој не бил доволно амбициозен, не студираше, а немаше ниту солидна работа. Момчево да им докаже дека може да направи нешто од себе замина за Америка. Таа, поради притисок од нејзините, собра храброст и му раскина по телефон, а тој остана таму засекогаш. Тагуваше долг период по него, сѐ додека не сретна едно момче „достојно“ за неа. И видете сега обратна ситуација. Нејзините родители беа презадоволни од потенцијалниот зет, но родителите на момчето пак сметаа дека другаркава не е доволно амбициозна за него. Таа го завлече факултетот, го студираше долго време, а тоа за родителиве на момчето беше голем минус. По некое време тој ѝ раскина. Таа долго време не можеше да се соземе од прекинот на врската. Во случајов, другарката беше жртва, но и нејзините родители тагуваа заради тоа што е несреќна.

Многу вакви приказни за жал завршувале со негативен исход. И оние што трупаат богатства на туѓ грб, да, можеби живеат раскошен живот, но секогаш потсвесно ќе ги прати сенката на нечија судбина. Никогаш нема да доживеат спокојство.

И едно од „Четириесетте правила на љубовта“ на Елиф Шафак, кажано од устата на главниот лик во книгата Шемс од Тебриз, вели: „Космосот е едно битие. Сѐ е поврзано меѓу себе низ невидлива пајажина од приказни. Дали сме свесни или не, сите немо општиме. Не чини зло. Биди сочувствителен, не озборувај зад грб, дури ни навидум невин коментар! Зборовите што ни излегуваат од уста не исчезнуваат, ами за навек се чуваат во бескрајниот простор, и еден ден ќе ни се вратат. Болката на еден човек нѐ повредува сите. Радоста на еден човек ќе нѐ насмее сите.“

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.