Почетна » Љубов и секс » Сингл » Дали е „затрескан“ во вас?

Дали е „затрескан“ во вас?

Мажите се исто толку комплицирани како и жените. Дури и ако сте биле веќе излезени неколку пати, често не можете да бидете сигурни дали му се допаѓате и дали вашата врска води некаде.

Заљубен пар
Ако тој го планира секое ваше излегување, сигурно не сака да ве испушти од раце.

Следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат да решите дали тој е толку заинтересиран за вас, колку што сакате да биде.

  1. Ве кани да излезете заедно. Не правете ја грешката вие да го поканете да излезете, затоа што сметате дека тој се срами да го направи тоа. Ако е заинтересиран за вас, тој ќе го преодолее срамот и ќе ве покани.
  2. Секогаш кога ќе ви вети дека ќе ви се јави – го прави тоа. Ако ви вети дека ќе ви се јави утре и го направи тоа, бидете сигурни дека е заинтересиран за вас и дека се движите во правилната насока. Дури и да е премногу зафатен, ако мисли на вас, ќе најде барем 2-3 минути слободно време за да ви прати мил SMS.
  3. Го планира секое ваше излегување. Мажите не се толку многу по планирањето. Затоа, ако тој се труди да го исполни со забавни нешта времето кое го поминувате заедно, тоа е знак дека сака да ви е интересно со него и сака да продолжите заедно. Тој нема да сака да ви биде досадно и да се разочарате и постојано ќе ви прави убави мали изненадувања.
  4. Внимателно ве слуша кога зборувате и ги запомнува вашите желби. Кога случајно споменете дека ги обожавате посетите на зоолошката градина, тој ако е заинтересиран за вас ќе го памети тоа и следното ваше излегување ќе ви ја оствари таа желба.
  5. Се однесува како џентлмен. Секоја жена сака да се чувствува како дама. Мажите го знаат тоа. Ако му се допаѓате, бидете сигурни дека нема да ве остави сама да си го облечете палтото или да ја отворите вратата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.