Почетна » Убавина и мода » Шминка » Истакнете ги очите со заводливи трепки

Истакнете ги очите со заводливи трепки

Очите се огледало на душата, но и моќно оружје за освојување на посилниот пол. Жените вложуваат дополнителни напори за нивните очи секогаш да изгледаат фантастично.

Најдобриот начин да ја истакнете убавината на очите и да ги направите да изгледаат неодоливо е преку трепките. А како да им дадете на трепките заводлив изглед, ќе дознаете од следните совети.

Убаво окоНајдобриот начин да направите очите да изгледаат неодоливо е преку трепките

Виткање на трепките

Виткањето на трепките одзема помалку од минута, а многу го подобрува целосниот изглед на очите. Затоа, земете го вашиот виткач и оформете ги трепките, притоа имајќи ги во предвид овие совети на експертите.

  1. Исчешлајте ги трепките со мала четка за трепки или чиста четкичка од стара маскара.
  2. Со помош на фен за коса загрејте го виткачот. Дувајте со фенот неколку секунди.
  3. Притиснете ги трепките нежно и останете во таа положба 30 секунди, но не подолго. Префрлете се на другото око, а потоа веднаш започнете со нанесување на маскара.

Совет

Секогаш користете виткач за трепки пред да користите маскара.

Нанесување на маскара

Без разлика дали со шминката сакате да постигнете природен или гламурозен изглед, маскарата е продуктот што не треба да го прескокнувате. Користете само пудра, маскара и сјај за усни за секојдневен природен изглед, а посилните шминки зачувајте ги за вечерно излегување.

Еве ги основните чекори за нанесување на маскара:

  1. Извадете ја четкичката и со помош на салфетка нежно избришете ја за да ги отстраните грутките и вишокот на маскара.
  2. Држете ги очите отворени, а капаците статични и поставете ја маскарата во основата на трепките. Започнете да ја нанесувате со помош на цик-цак движење, движејќи се нагоре кон врвовите на трепките. Кога ќе стигнете до средината, повлечете ја четкичката со еден потег нагоре низ трепките, за да ја зголемите нивната должина.
  3. Исчешлајте ги трепките со чешел за таа намена и почекајте околу 30 секунди да се исуши првиот слој пред да нанесете втор.

Совет

Ако ненамерно ставите маскара некаде по кожата на лицето, не паничете. Почекајте да се исуши, затоа што така полесно се отстранува. Доколку веднаш започнете да ја отстранувате со памучен тампон, ќе ја размачкате и ќе направите поголем неред.

5 скапоцени совети за трепките и маскарите

  • Пред да ја нанесувате маскарата, ставете на вашите трепки малку пудра во прав. Така маскарата полесно ќе се „нафати“ на трепките.
  • Не ја фрлајте четкичката од вашата омилена маскара. Можете да ја измиете и да ја користите повторно ако сметате дека ви ги прави трепките убави. Некои жени купуваат еднаш убава скапа маскара, а потоа ја чуваат четката и ја користат во комбинација со поевтина маскара.
  • Чистете ја четкичката на маскарата еднаш месечно за да го спречите формирањето на грутки и да ги отстраните бактериите.
  • Ако сте русокоса, не користете црна маскара затоа што ќе изгледате неприродно.
  • Премачкувајте ги трепките со рицинусово или маслиново масло. Оставете го маслото да дејствува 30 минути додека ги држите очите затворени и отстранете го со памучен тампон. Тоа ќе ви помогне да имате поцврсти трепки, а некои веруваат дека рицинусовото масло прави трепките да растат подолги.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.