Почетна » Убавина и мода » Тело » Како да се ослободите од сувата и потемнета кожа на лактите?

Како да се ослободите од сувата и потемнета кожа на лактите?

Ниските температури, сувиот воздух, жешката вода, агресивните козметички производи и навиката за потпирање на главата на лактите додека седиме пред компјутер водат до сува и потемнета кожа на лактите која воопшто не е пријатна глетка.

Непосакуваната „слонова кожа“ на лактите можете да ја елиминирате со едноставни домашни третмани за нега.

Нега на кожата на лактите

Избелување и ексфолијација со лимон

Ексфолијацијата е клучен елемент во негата на рапавата кожа на лактите, бидејќи го отстранува слојот од мртви клетки кој освен што не е пријатен на допир, може и да придонесе за појава на темни флеки.

Нега на кожата на лактите
  1. Пресечете еден лимон и исцедете го сокот од едната половина. Во сокот додајте една голема лажица шеќер и половина мала лажичка маслиново масло за да добиете смеса која потсетува на влажен песок. Земете од смесата и со кружни движења масирајте ги лактите 2-3 минути. Измијте ја кожата со топла вода.
  2. Со другата половина од лимонот истријте ги лактите. Доколку врз кожата има парчиња од пулпата, тргнете ги, но немојте да се миете. Оставете ја кожата да се исуши и измијте ја дури по 3-4 часа. Лимонот е природен „избелувач“.

Омекнување на кожата со вазелин

Сувата кожа на лактите ќе стане минато за вас доколку редовно користите вазелин. Непосредно по туширањето, премачкајте подебел слој вазелин врз лактите и на рацете навлечете чорапи на кои сте им го отсекле делот кај прстите. Поставете ги чорапите така што „петицата“ да биде поставена на лактите. Оставете го вазелинот да ја негува вашата кожа во текот на ноќта.

Доколку не сакате да спиете со вазелин и чорапи на рацете, можете да се намачкате со вазелин и да ги замотате лактите со најлонска фолија. Откако ќе мине еден час, извадете ја фолијата и со салфетка избришете го вишокот вазелин, но не измивајте.

Дополнителни совети

  1. Искоренете ја навиката за потпирање на лактите. Не ја потпираjте главата со рацете додека лактите ви се поставени на биро. Исто така, не ги користете лактите за да се потпирате на масата додека седите. Мускулите на грбот треба да ви го држат исправен горниот дел од телото додека седите, а не да го префрлате товарот врз лактите. Кога причината за суви и потемнети лакти лежи во потпирањето на биро, најчесто е засегната само едната рака.
  2. Не користете премногу жешка вода за туширање. Жешката вода ја суши кожата, а најзасегнати се деловите на телото на кои и без тоа кожата е најсува – лактите, колената и петиците.
  3. Ексфолирајте ја кожата на лактите најмалку еднаш неделно со пилинг со лимон и шеќер или маслиново масло и шеќер. По ексфолијацијата, задолжително премачкувајте ја кожата со соодветен крем, масло или вазелин.
  4. За навлажнување и омекнување на кожата на лактите, по туширање можете да користите и:

    • Бадемово масло;
    • Маслиново масло;
    • Шеа путер;
    • Путер од какао;
    • Бебешко масло.
  5. Консултирајте се со дерматолог доколку вашата кожа е иритирана, црвена и/или со рани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.