Почетна » Убавина и мода » Тело » Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?

Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?

Се чувствувате непријатно да си ги соблечете обувките кога сте на гости кај пријатели? Речиси секој пар чевли кој го поседувате има апсорбирано непријатна миризба која не можете да ја поднесете? Не сте сами. Лошата миризба на стапалата е мошне честа и непријатна појава која знае да ги зацрвени образите.

Ниту најдобриот педикир, ниту најблескавите високи потпетици нема да го подобрат лошиот впечаток кој го остава одбивната миризба од стапалата. Па, ако го имате овој проблем, веднаш преземете мерки затоа што носовите на луѓето не се имуни на лошиот мирис и може да ви закачат етикета „личност со лоша лична хигиена“.

Женски стапала

Причини за појава на „миризливи“ нозе

Кога нормалните бактерии кои се присутни на кожата на стапалата ќе дојдат во контакт со влажноста заробена во чорапите, обувките и меѓу прстите на нозете, тие побрзо се размножуваат и создаваат супстанции со лоша миризба, преостра за нашиот нос.

Главниот виновник за состојбата поради која некои лица не се во можност да ги соблечат обувките кога престојувале подолго време во нив е потењето. На секое стапало има повеќе од 250.000 потни жлезди. Всушност, самата пот не мириса, но е идеална средина за размножување на одредени бактерии и супстанции кои се лош „парфем“ за стапалата.

Некои луѓе би рекле дека непријатната миризба од стапалата потсетува на сулфур или амонијак, други би опишале дека е слична на миризбата од оцет, трети би кажале дека е копија на мирисот од расипано сирење, но сите луѓе се истомисленици во однос на тоа дека таа миризба е неподнослива и одбивна.

Можни причини за појавата на непосакувана остра миризба на стапалата се несоодветни тесни обувки од неприродни материјали, неодржани нокти, присуство на габична инфекција, лоша хигиена и исхраната.

10 совети за отстранување на лошата миризба на стапалата

  1. Мијте ги нозете најмалку еднаш дневно. Можеби звучи очигледно, но треба да се потенцира дека не е доволно да се истуширате и да си мислите дека водата која течела по нозете ги измила темелно. Морате да ги истриете со сунѓер или четка за добро да ги исчистите. Не заборавајте посебно внимание да обрнете на кожата помеѓу прстите.
  2. Користете антибактериски благ сапун и отстранувајте го целосно. Сапуните со антибактериско дејство кои не се силни ем ги уништуваат бактериите, ем го спречуваат екстремното сушење на кожата. Пред да завршите со миење, уверете се дека нема остатоци од сапун на кожата, затоа што тоа ја иритира нежната кожа, особено онаа меѓу прстите.
  3. Темелно сушете ги нозете, не ставајте чорапи на мокри нозе. За да ја спречите миризбата, важно е да ја одржувате кожата сува. Влажноста создава идеални услови за развивање не само на бактериите, туку и на габичните инфекции.
  4. Преферирајте обувки произведени од материјали кои им дозволуваат на стапалата да дишат. Носењето на обувки изработени од синтетички материјали го зголемува потењето, а со тоа и го засилува мирисот. Претпочитајте кожени или платнени обувки.
  5. Ротирајте ги различните обувки. Не носете исти обувки два дена по ред. На обувките им се потребни барем 24 часа за да се исушат комплетно.
  6. По носењето, разлабавете ги врвките за обувките да се проветруваат и внатре. Откако ќе ги соблечете, разлабавете ги врвките и „отворете“ го јазикот за да може воздух да струи во внатрешноста на обувките.
  7. Носете апсорбирачки памучни чорапи. Внимавајте, тие не треба да бидат премногу тесни. Чорапите кои содржат најлон или полиестер го поттикнуваат потењето. Носете хулахопки само кога навистина морате или купете си памучни.
  8. Редовно прегледувајте си ги стапалата. Прегледувајте го не само горниот, но и долниот дел од стапалата, прстите, кожата меѓу прстите и ноктите. Ако забележите симптоми како чешање, лупење на кожата или надуена, отечена или испукана кожа, побарајте помош. Исто така, консултирајте се со лекар ако забележите промена на текстурата или бојата на ноктите, затоа што тоа може да укажува на присуство на инфекција.
  9. Не јадете „миризлива“ храна. Избегнувајте кромид, лук и пикантна лута храна. Зачинетата храна го стимулира потењето, а кромидот и лукот ја менуваат миризбата на потта.
  10. Користете пудри за стапала и за освежување на обувките. Денес постојат најразлични производи кои ја отстрануваат непријатната миризба од обувките. Пудрите помагаат кожата да се зачува сува во текот на целиот ден, па тие се и најпрепорачливи ако го имате овој проблем.

2 домашни лекови за спречување на лошиот мирис на стапалата

  1. Солена бања. Во леген со еден литар вода додајте половина шолја крупна сол. Потопете ги стапалата барем 15-тина минути. Извадете ги од легенот и исушете ги без да ги миете со чиста вода. Солта помага затоа што ја суши кожата.
  2. Сода бикарбона. Секој ден ставајте сода бикарбона и во чорапите и во обувките за да се ослободите од лошиот мирис. Земете сода бикарбона со два прсти и поросете по двапати во секој чорап и по двапати во секоја обувка.

И за крај... Колку што е можно почесто шетајте боси, со сандали или апостолки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.