Мајами десетта година по ред беше домаќин на најжешките паради посветени на костимите за капење. Пред љубопитните погледи на над 10.000 гости беа презентирани колекциите пролет/лето 2015.
Егзотични, дигитални, калеидоскопски и етно принтови, сексапилни бикини и монокини, модерни едноделни костими, колоритни кафтани, комбинезони, фустани и кимона... модната недела во Мајами беше како мал тропски рај.