Почетна » Убавина и мода » Мода » Најдобрите венчаници од Невестинската модна недела – пролет 2015

Најдобрите венчаници од Невестинската модна недела – пролет 2015

Сензибилни, грациозни и донекаде екстравагантни венчаници ја претворија Невестинската модна недела во рајски спектакл за идните невести.

Обелоденувајќи ги колекциите за сезоната пролет 2015, дизајнерите ги заскокоткаа фантазиите на девојките кои веќе размислуваат за големиот ден.

Деликатна тантела која делуваше како префинети тетоважи, „Гетсби“ гламур од 20-тите, почит кон традиционалните силуети, елегантен минимализам, фустани во стил на грчка божица и паднати прерамки кои ги разголуваат рамената беа само неколку од највпечатливите трендови.

Jenny Packham

Џени Пекам пронајде инспирација во серијата фотографии „The Goddesses“ на Мадам Ивонд од 30-тите години на минатиот век. Освен за гламурозните венчаници кои пленат со интригантни детали и ретро вибрации, ревијата доби и гласни аплаузи затоа што на пистата зачекорија и крупни манекенки.

Jenny Packham Jenny Packham

Reem Acra

Рим Акра се фокусира на блескави детали кои го шармираат окото. Колекцијата „Mirror Mirror“ крие суптилен сексапил, а одушевува со луксузни кристални и бисерни акценти.

Reem Acra Reem Acra

Carolina Herrera

Каролина Ерера го обожава класичниот дамски изглед, па нејзината колекција се одликува со нежност и женственост. Луксузна свила, тенок тул и елегантни апликации и везови хармонично се надополнуваат за постигнување на романтичен и сензуален ефект.

Carolina Herrera Carolina Herrera

Oscar de la Renta

Искусниот Оскар де ла Рента ги заведе и девојките кои сонуваат за бохо свадба на тропска плажа и девојките кои сакаат да се чувствуваат како принцези на свадбената церемонија. Класична елеганција преовладуваше на ревијата на која ѕвезди беа слатките мали девојчиња.

Оскар де ла Рента
Oscar de la Renta Oscar de la Renta

Monique Lhuillier

Колекцијата „My Eternal Daydream“ на Моник Лулие е инспирирана од уметничките дела на американскиот сликар Џон Сингер Сарџент. Слоевитоста на креациите донесе умерена драма на пистата и ѝ даде нова димензија на безвременската елеганција.

Моник Лулие
Monique Lhuillier Monique Lhuillier

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.