Почетна » Убавина и мода » Лице » Хали Бери ја сподели омилената домашна маска за лице која секој може да си ја направи

Хали Бери ја сподели омилената домашна маска за лице која секој може да си ја направи

Хали Бери непрекинато изнудува комплименти со младоликоста и одржаната фигура. 53-годишната актерка од изолација сподели една од тајните на убавиот изглед.

Хали Бери

Холивудската ѕвезда го објави рецептот за маска за лице со кој се разубавува дома.

„Денес, споделувам рецепт за една од моите омилени домашни маски за лице со состојки кои многумина од вас веќе ги имаат во кујната. Оваа смеса ја осветлува и затегнува кожата, ги намалува фините линии и го засилува природниот блесок, а е супер лесна!“ – пишува Бери.

Хали Бери

Домашната маска за лице на Хали Бери

  • 2 лажици сварен зелен чај
  • прстофат куркума
  • ½ лажичка сок од лимон
  • ¼ шолја грчки јогурт (замена: кисело млеко)

Измешајте ги состојките, нанесете дел од маската на лицето и оставете ја да стои 3 минути. Потоа, нанесете втор слој и оставете ја уште 10 минути. Измијте го лицето со ладна вода и нанесете хидратантен крем.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.