Почетна » Семејство » Бременост » Сексот во бременоста

Сексот во бременоста

Ја зголеми ли бременоста вашата желба за секс? Или сексот е последното нешто што ви доаѓа на памет? Во секој случај, еве што треба да знаете за сексот во текот на бременоста.

РодителиСè додека имате нормална бременост можете да му се насладувате на сексот кога и да посакате.

Дали е безбедно?

Кога жената е бремена за прв пат, нормално е таа и нејзиниот партнер да бидат загрижени за ефектот кој би го имал сексот врз нивното неродено бебе. Сосема е природно идните родители да бидат загрижени за тоа дали притисокот врз матката може да го повреди бебето, дали има ризик од појава на инфекции или дали оргазмот може да предизвика предвремени породилни болки или абортус.

Сè додека имате нормална бременост можете да му се насладувате на сексот кога и да посакате. Кај нормалната бременост постои мал ризик од компликации како абортус и предвремено породување. Разговарајте со вашиот гинеколог на оваа тема, за да знаете дали можете да практикувате секс или не. Сè додека имате одобрување од него и имате желба, сексот може да биде дел од вашиот живот за време на бременоста.

Сексот може многу да ви помогне во тој период од животот, затоа што ќе одржувате силна врска со вашиот партнер и ќе бидете порелаксирана. Со тоа и вашето бебе ќе се чувствува подобро.

Дали сексот може да го повреди бебето?

Бебето е заштитено од мембраната (во која се наоѓа амнионската течност), која го опкружува фетусот за време на неговиот развој во матката и од силните мускули на матката.

Бебето е заштитено и од инфекции, затоа што грлото на матката е затворено со дебел слој слуз. Пенисот не доаѓа во контакт со фетусот за време на сексот.

Сето ова може да ве увери дека нормалниот секс за време на нормална бременост нема да му наштети на вашето најмило.

Кога сексот не се препорачува?

Во некои околности, докторот може да ве советува да апстинирате. Тоа е потребно кога:

  • Претходно сте доживеале предвремено породување;
  • Претходно сте имале абортус;
  • Има ризик да имате предвремено раѓање;
  • Имате појава на необични симптоми како исцедок, болка и крвавење за време на бременоста или по сексуален однос;
  • Страдате од плацента превиа, состојба кога плацентата е на погрешно место и го покрива цервиксот;
  • Вашиот партнер има сексуално пренослива болест.

Дали сексот може да предизвика абортус или контракции?

Ако имате нормална бременост не треба да се плашите – одговорот е не. Многу жени за прв пат доживуваат оргазам (или мултиоргазам) додека се бремени. Оргазмот предизвикува контракции на матката, но тие контракции се сосема различни од контракциите пред породување.

Бебето е безбедно во матката и оргазмот не може да му наштети.

А што станува со вашата желба за секс?

Желбата за секс кај жената варира значително во различните фази од бременоста. Најчесто првото тримесечје е најлошото време за жената да мисли на секс. Таа во тој период е преокупирана со симптомите како чувствителност на градите, гадење, повраќање и замореност.

Кога ќе измине првото тримесечје, тие симптоми исчезнуваат и се враќа желбата за секс. Во третото тримесечје жената веќе чувствува физичка отежнатост и возможно е да не чувствува голема желба за секс. Како што се приближува датата за раѓање, така и либидото на жената се намалува. Тоа е така затоа што станувањето родител е многу стресен период.

Паралелно со вас и желбата за секс на вашиот партнер може да се менува. Најважно е да одржувате силна и здрава комуникација помеѓу вас и да имате разбирање за чувствата и желбите на партнерот.

Секс позите и оралниот секс

Сè додека се чувствувате удобно, сите секс пози ви се дозволени. Но, како што напредува вашата бременост, така ќе треба да бидете поинвентивни, бидејќи вашето тело видливо се менува.

Наместо тој да биде над вас, поудобно ќе ви биде вие да бидете одгоре. Пробајте да легнете странично или обидете се со кучешката поза. Најважно од сè е да се чувствувате удобно.

Оралниот секс за време на бременоста е безбеден. Но, вашиот партнер треба да биде внимателен да не вдува воздух во вагината. Тоа може да доведе до блокирање на крвните садови во вагината. Иако ова е ретка појава, треба исклучително да внимавате. Тоа е опасно како за мајката, така и за бебето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.