Ако некогаш идеалната жена била идеална домаќинка, дали денес тоа мислење веќе е застарено? А каков би требало да биде идеалниот маж?
Според последните истражувања, повеќето мажи сè уште сакаат традиционална жена, која да биде добра домаќинка, а жените сакаат маж кој ќе го почитува нивното мислење и ќе го издржува финансиски семејството.
Каква е идеалната жена?
Кога 1500 учесници во едно истражување биле запрашани, кои се најдобрите особини кои една жена треба да ги поседува, тие ги посочиле следните одговори:
- Да се грижи за домот – 44%;
- Да готви – 39%;
- Да чисти – 33%;
- Да биде добра мајка – 31%;
- Да го почитува мислењето на мажот – 31%.
Тоа значи дека мажите сè уште го имаат истото мислење, како и порано. Тие најмногу сакаат жена која да биде идеална домаќинка и добра мајка. Само 16% од нив посочиле дека им е важно жената да биде финансиски независна.
Каков е идеалниот маж?
Кога женските учеснички во истото истражување биле запрашани да ги посочат најважните особини кои треба да ги поседува еден маж, тие ги посочиле следните одговори:
- Да го почитува мислењето на жената – 44%;
- Да биде финансиски стабилен – 38%;
- Да биде добар татко – 27%;
- Да се грижи за машките обврски во домаќинството – 25%;
- Семејството да му биде приоритет – 22%.
Додека мажите не бараат од жената да биде финансиски стабилна, жените очекуваат мажот да биде тој што ќе го носи лебот во куќата. Очигледно очекувањата на мажите и жените кон своите партнери не се менуваат толку лесно.