Пред осум години Џенифер Лопез влезе во улогата на мајка. Нејзините близначиња Макс и Ема вчера го прославија својот роденден, а 46-годишната музичка ѕвезда не пропушти да го одбележи тој специјален ден.
Лопез на Instagram сподели фотографија на која ги прегрнува своите ќерка и син додека тие ги дуваат свеќичките на роденденската торта.
„Среќен роденден на светлините во мојот живот. Ми носите само радост и среќа од секундата кога се родивте. Многу сум горда на тоа кои сте и прекрасните грижливи личности во кои израснувате“ – напиша Лопез во описот на фотографијата.

Славното семејство го прослави роденденот во забавниот парк Дизниленд.







Макс и Ема се плод на нејзината љубов со Марк Антони. Лопез и Антони се разведоа во 2014 година по десетгодишен брак.

Популарната пејачка сподели и фотографија на која го покажува своето фит тело по спортска облека.
