Легендарниот пејач Хулио Иглесијас се ожени со неговата долгогодишна девојка Миранда Ријнсбургер, којашто воедно е и мајка на пет од осумте негови деца.
66-годишниот пејач и 45-годишната поранешна манекенка во вторникот стапиле во брак на интимна церемонија во Марбела, Шпанија.
Тие живеат заедно веќе 20 години и имаат три сина – Мигел, Родриго и Гиљермо и две ќерки близначки – Кристина и Викторија.
Ова е втор брак за Хулио, којшто има три деца (Енрике, Хулио Џуниор и Чабели) со бившата сопруга Изабел Прејслер.