Џулија Робертс и Џорџ Клуни беа фотографирани додека се упатуваа во студиото на Џими Кимел за снимањето на шоуто „Jimmy Kimmel Live show“.
61-годишниот актер и неговата 54-годишна колешка и долгогодишна пријателка беа координирани во облеката и носеа шик костуми. За гостувањето кај Кимел, Робертс избра модна комбинација која е плод на соработката меѓу Гучи и Адидас.






Актерското дуо во моментов го промовира новиот заеднички филмски проект „Ticket to Paradise“.
Двајцата актери се зближија во 2001 година на снимањето на „Ocean’s Eleven“ и до ден-денес негуваат цврст пријателски однос.








