Џулија Робертс и Џорџ Клуни се обединија за нов филмски проект. Омиленото холивудско дуо го промовираше „Ticket to Paradise“, 21 година по нивната прва соработка за „Ocean’s Eleven“.
61-годишниот актер и 54-годишната актерка се зближија во 2001 година на снимањето на „Ocean’s Eleven“ и до ден-денес негуваат цврст пријателски однос.
На премиерата во Лондон, Робертс и Клуни позираа заедно пред фоторепортерите, а беа фотографирани и со неговата сопруга Амал.





Изгледот на Џулија беше посветен на нејзиното семејство. Креацијата, која доаѓа од модната куќа Александар Меквин, беше украсена со иницијали на нејзините деца (синот Хенри и близнаците Хејзел и Фин). Додадени беа годините на нивното раѓање – 2004 и 2007 година.
Навезени се и нејзините иницијали и иницијалите на сопругот Даниел Модер (ЏР + ДМ), проследени со годината кога стапија во брак (2002).













Во „Ticket to Paradise“, Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведен пар кој заедно патува на Бали за да ја спречи ќерката да се омажи премлада. Погледнете го трејлерот: