Џесика Алба објави на Twitter фотографии од посетата на Дизниленд во Токио. На фотографиите 30-годишната актерка и нејзиното семејство изгледаат апсолутно совршено, насмевнати до уши.


Тригодишната Хонор и 8-месечната Хевен цел ден се забавуваа на „најсреќното место на светот“.




Освен од посетата на Дизниленд, Џесика објави и неколку фотографии од нејзината прошетка низ Токио и една модна комбинација инспирирана од јапонската мода.


Прекрасната актерка, заедно со сопругот Кеш Ворен и малите ќеркички, престојуваше во Токио за отворањето на бутик на Томи Хилфигер.