Џесика Алба изгледа гламурозно и мистериозно на фотографиите од едиторијалот за јунското издание на списанието „Marie Claire“.
31-годишната актерка позираше во креации на Гучи, Оскар де ла Рента, Долче и Габана, Џон Галијано и Ланвин. Во последно време Алба станува омилено лице во модниот свет. Многу дизајнери посакуваат да ја облекуваат, затоа што има облини по кои копнее секоја жена.
„Таа има совршено тело, секси и со облини. Таа е доследна на себеси. Секогаш изгледа свежо, никогаш вулгарно“ – изјавила Донатела Версаче за Алба.
Во интервју за списанието, Џесика споделила дека на почетокот на својата кариера не се чувствува многу убаво, бидејќи сите се фокусирале на незиниот сексапил. „Имаше шоу (Dark Angel) чија премиера беше кога имав 19 години и веднаш сите си формираа силно мислење за мене поради начинот на којшто бев промовирана. Требаше да бидам секси, силна акциона девојка. Тоа го очекуваа луѓето“ – изјавила таа.
И во моментите кога се облекувала поскромно, нејзиното тело секогаш било во центарот на вниманието. „Се чувствував како објект и ми беше непријатно. Сакав да бидам шик и елегантна“ – објаснила таа.
Но, Алба признала и дека откако станала мајка научила како да ја користи својата фигура на свој начин. „Има жени кои се облекуваат за мажите. Јас се облекувам за себе. Ми требаше време за да стигнам тука каде што сум. Многу ми помогна тоа што сум мајка и што се чувствувам порасната“ – додала таа.
Погледнете и „зад сцената“ од снимањето на едиторијалот: