Џенифер Лопез со моден спектакл го задржуваше вниманието на публиката на American Music Awards.
46-годишната пејачка како вистинска дива во една вечер се пресоблече во 10 различни аутфити.
Жолтиот фустан со златен колан е дело на американскиот дизајнер Мајкл Костело.
Чарбел Зое потпишува две креации во кои блесна Лопез, и тоа проѕирниот фустан со сребрени декорации и светло синиот фустан со испреплетени „јажиња“.
Зухаир Мурад, еден од омилените дизајнери на Џенифер, ѝ позајми три креации за свеченоста – црн фустан и тегет комбинезон со ѕвезди од колекцијата висока мода есен/зима 2015 и црвен фустан со блескави отпечатоци од усни од колекцијата ресорт 2016.
Златниот фустан доаѓа од ателјето на Џулиен МекДоналд.
Светкавиот „омбре“ фустан, инспириран од стилот од 50-тите години, е креиран од Мајкл Синко.
Оливие Рустан од Балман го создаде бежовиот мрежест фустан.
За настапот со кој беше означено отворањето на манифестацијата, Лопез носеше креација на DSquared2.