Џенифер Лопез за сите настани се обидува да изгледа беспрекорно. 46-годишната пејачка се појави на забава на „American Idol“ и ги привлече објективите на фоторепортерите со сексапилниот изглед.
На настанот организиран во чест на талентираните финалисти на последната сезона од музичкото шоу, Лопез заблеска во црвен комбинезон од Зухаир Мурад кој максимално ги истакна нејзините облини. Креацијата од колекцијата есен 2015 висока мода на либанскиот дизајнер е надополнета со обувки од Џими Чу и чантичка од Аманда Вејкли.










Претходно, атрактивната музичка ѕвезда носеше провиден фустан со чипка од Тај Нгујен и обувки од Кристијан Лобутин.



За синоќешното издание, Лопез се појави во романтична креација од Валентино и сандали од Џузепе Ѕаноти.


