Џенифер Лопез мами воздишки кога и да зачекори на црвениот тепих. Музичката ѕвезда беше една од гостинките на доделувањето на наградите „Златен глобус“ и заблеска во светол фустан со висок шлиц и впечатлив накит.
За свеченоста, на која беа наградени најдобрите од филмската индустрија, 46-годишната пејачка и актерка носеше жолт фустан со наметка од ателјето на Џамбатиста Вали. Својот изглед таа го надополни со обувки од Џими Чу, чантичка од Џудит Либер и накит од Хари Винстон. Блескавиот накит бил направен од дијаманти од вкупно 200 карати.



Лопез беше придружувана од својот партнер Каспер Смарт.















