Џенифер Лопез изгледа модерно и женствено во секое време и за секоја пригода. Славната актерка и пејачка во два стајлинзи во пастелни нијанси беше фотографирана во Лос Анџелес.
46-годишната музичка и филмска ѕвезда привлекуваше погледи во нежно розова креација, додека се упатуваше кон канцелариите на компанијата SAG-AFTRA за да ја промовира својата серија „Shades of Blue“.









Претходно, Лопез беше „уловена“ од папараците пред музичко студио. Синиот фустан со чипка, таа го искомбинира со обувки од Шарлот Олимпија.






