Ѕвездите од хит серијата „Game of Thrones“ присуствуваа на премиерата на шестата сезона во Холивуд.
Емилија Кларк, Софи Тарнер, Мејси Вилијамс, Лина Хеди, Питер Динклиџ и останатите актери од „Game of Thrones“ шармираа во елегантни комбинации на сивиот тепих во Кинескиот театар во Лос Анџелес.
Софи Тарнер својот изглед ѝ го довери на Стела МекКартни и не погреши. 20-годишната актерка, позната по улогата на Санса Старк, фустанот на едно рамо во боја на малина го надополни со златен накит.



18-годишната Мејси Вилијамс позираше со насмевка пред фоторепортерите во дводелна комбинација од Емилио де ла Морена.




Емилија Кларк блескаше во кадифен црн фустан со бели цветовиод Erdem.




Лина Хеди изгледаше одлично во црн макси фустан со пердуви од Каролина Ерера.




Погледнете како изгледаа и останатите ѕвезди:























