Никол Шерцингер воодушеви со својот изглед на црвениот тепих на германската премиера на филмот „Men in Black 3“. Атрактивната пејачка изгледаше елегантно и префинето во тесен фустан на Hervé L. Leroux, кој го оцртуваше нејзиното привлечно тело.
33-годишната пејачка го промовираше филмот „Men in Black 3“, во кој се појавува заедно со Вил Смит и Џош Бролин.
Додека Никол достоинствено позираше на свечениот настан, вниманието на присутните им го одвлече манекенката Микаела Шефер.
Разголената Германка се појави на црвениот тепих во „фустан“ кој изгледаше како да е направен од ремен и расечена црна вреќа за ѓубре и ги поттикна сите да се запрашаат дали воопшто знаела за каков настан се подготвува кога ја избрала таа „креација“.