Ема Стоун го маѓепса Холивуд, а сега ја доби и својата прва насловна на модната библија „Вог“. На корицата на списанието, 23-годишната талентирана актерка плени во прекрасен фустан од Нина Ричи.
Креативната фотосесија со Ема била направена од реномираниот фотограф Марио Тестино.
Во интервјуто со „Вог“, Ема зборувала за актерската професија и за модата. „Не спасувам животи. Но, имам можност да раскажувам приказни, а тоа е доста важна задача“ – изјавила таа.
Амбициозната актерка ја започнала својата кариера на 14-годишна возраст, а за да ги убеди своите родители да ѝ дозволат да се занимава со актерство во Лос Анџелес, таа направила презентација во PowerPoint.
Ема го освои Холивуд со уникатниот карактер и големите улоги лесно паѓаат во нејзиниот скут. „Таа е прекрасна... Има смисла за хумор колку вас или повеќе од вас. Таа е толку брза“ – изјавил за Ема продуцентот на „The Amazing Spider-Man“.