Шарлиз Терон се раздели од своите сјајни руси брановидни прамени. Убавата актерка се потстрижа прекратко за потребите на својот најнов филм „Mad Max: Fury Road“, кој наредниот месец ќе започне да се снима во Африка.
По големата промена во имиџот, 36-годишната филмска ѕвезда неколкупати беше фотографирана со капа на главата. На последните фотографии се гледа дека косата на Шарлиз е со минимална должина.
Иако Терон сè уште ја нема откриено новата фризура, не е тешко да се заклучи дека одлично ќе ѝ прилега на лицето со нежни црти.
Неодамна ваква драстична трансформација направи и актерката Ен Хетавеј, за улогата во филмот „Les Misérables“.