Шарлиз Терон пред два месеца објави дека посвоила момче, но досега го заштитуваше од љубопитните фотографи. Деновиве се појавија првите фотографии од малиот Џексон.
Убавата актерка била забележана заедно со своето синче на аеродром во Париз.
„Отсекогаш сум била многу искрена кога сум велела дека сакам семејство. Отсекогаш знаев дека сакам семејство. Не верувам дека мајка ми можеше да чека повеќе“ – изјавила таа набрзо по посвојувањето.
„Џексон е неверојатен, најголемиот дар“ – дополнила Терон.