Кети Пери истовремено изгледа и откачено и елегантно за списанието „Teen Vogue“. На фотографиите 27-годишната пејачка мами погледи со својата несекојдневно сина коса.
По огромниот успех кој го постигна со албумот и турнејата „California Dreams“, Кети ова лето планира да го објави документарниот филм „Katy Perry: Part of Me“, кој ја следи нејзината турнеја, сите настапи, подготовки и сл.

„Една од главните причини поради кои го правам ова е тоа што луѓето ме гледаат како Дороти во црвените чевлички. Сакам да видат сè друго што е вклучено“ – изјавила таа за „Teen Vogue“.

Кога била запрашана дали не се заморува од славата, познатата пејачка одговорила: „Веќе сум уморна од славата! Но, не сум уморна од создавање. Славата е само одвратен нуспроизвод на она што го правам. Таа е деликатно суштество, на некој начин е диво животно. Може да те сака и потоа може да те нападне. Јас сè уште сакам да бидам достапна колку што е можно. Кога ќе се поздравувам со обожавателите и тие плачат, ќе им речам: смири се, нема зошто да плачеш. Нема да те каснам или да те нападнам или да ти исполнам три желби. Навистина одамна престанав да се фокусирам на тоа што мислат другите луѓе.“